АНА ЧОЛОВИЌ-ЛЕШОСКА ЈА ДОБИ СВЕТСКАТА НАГРАДА ГОЛДМАН ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО

    АНА ЧОЛОВИЌ-ЛЕШОСКА ЈА ДОБИ СВЕТСКАТА НАГРАДА ГОЛДМАН ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВОБлагодарение на нејзините напори и активности, Светската банка и Европската банка за обнова и развој пред неколку години го откажаа финансирањето на проектите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“, што, меѓу другото, го загрозуваат живеалиштето на реткиот балкански рис. Ана Чоловиќ-Лешоска ќе ја прими наградата денеска, на посебна свеченост во Лос Анџелес. (Фото: Р. Захариев)

    Македонската активистка и биолог Ана Чоловиќ-Лешоска е една од годинашните добитници на реномираната светска награда Голдман, со која им се оддава почит на борците за заштита на животната средина.

    Како основач на невладината организација „Еко-свест“, Чоловиќ-Лешоска ја предводи повеќегодишната борба против изградба на две хидроцентрали во рамките на националниот парк Маврово, што, меѓу другото, го загрозуваат живеалиштето на реткиот балкански рис.

    „Имам добиено повеќе смртни закани и предупредувања дека ќе бидам затворена. Некои медиуми сугерираа дека работам за странски влади само затоа што реките што сакавме да ги заштитиме поминуваат и низ Албанија“, вели Чоловиќ-Лешоска.

    Благодарение на нејзините напори и активности, Светската банка и Европската банка за обнова и развој пред неколку години го откажаа финансирањето на проектите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“.

    „Луѓето сега стануваат посвесни за ризиците од изградба на хидроцентрали, бидејќи и ефектите врз околината се поизразени. Овие проекти ја менуваат локалната клима, па, сепак, големите компании и натаму сакаат да градат“, додаде Чоловиќ-Лешоска.

    Како претставник на Европа, таа ќе ја прими својата награда денеска, на посебна свеченост во Лос Анџелес. Останатите добитници доаѓаат од Либерија (Африка), Монголија (Азија), Чиле (Јужна Америка), Канада (Северна Америка) и од Кукови Острови (Океанија).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира