Извесна група Анонимуси денеска ја хакираше интернет страницата на Министерството за транспорт и врски.
Во текстот што се појавува кога ќе се отвори страницата на Министерството пишува дека Анонимуси ги покануваат сите што сакаат да ја одбранат слободата на информациите, слободата на народот и се залагаат за ослободување на медиумите од ропство и од оние кои ги владеат.
Хакерите на сајтот велат дека се борат да се врати достоинството на медиумите.