Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2022 година.
Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата „Андреја Дамјанов“.
Рокот за поднесување на предлози за наградата е до 28.10.2022 година, а предлозите се доставуваат исклучиво преку [email protected]
Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Оваа архитектонска награда претставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја и се доделува на државјанин на Република Северна Македонија. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ.
Лански добитник на наградата е архитектот Ранчо Христов, еден од основачите на архитектонското биро „Ателје Ајвар“ од Скопје, а претходната година лауреат беше Ѓоко Радовановиќ од ателјето РАДО.