БАЏАНАК НЕ Е БЛИСКО ЛИЦЕ, НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС ВО СЛУЧАЈОТ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРОТ НУРИ БАЈРАМИ, ОДЛУЧИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    БАЏАНАК НЕ Е БЛИСКО ЛИЦЕ, НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС ВО СЛУЧАЈОТ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРОТ НУРИ БАЈРАМИ, ОДЛУЧИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАЖдрепката одлучи заменик претседател на Антикорупциската комисија да биде токму Нури Бајрами. (Фото: К. Попов)

    Антикорупциската комисија смета дека не станува збор за конфликт на интереси во случајот на антикорупционерот Нури Бајрами кој е баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Антикорупциската комисија на денешната прва седница го разгледуваше прашањето дали имало конфликт на интереси во случајот со Бајрами.

    Претседателката Билјана Ивановска рече дека според член 8 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

    „Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаа родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, кажа Ивановска.

    На денешната прва седница по случаен избор се избра и заменик претседател на Комисијата. Ждрепката одлучи заменик претседател да биде токму Нури Бајрами. Функцијата заменик претседател ќе биде ротирачка односно ќе се врши избор секои 6 месеци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира