БАРОК И ЗА „ПАЛОМА БЈАНКА“ , АРХИТЕКТОТ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАСТА МУ ПРЕДИЗВИКУВА ИНФАРКТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БАРОК И ЗА „ПАЛОМА БЈАНКА“ , АРХИТЕКТОТ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАСТА МУ ПРЕДИЗВИКУВА ИНФАРКТ

    Барокот за ТЦ „Палома бјанка“ не е повеќе само во најава. Град Скопје на оглас побара фирма која за 7000 евра ќе го изработи основниот проект врз основа на веќе изработениот идеен проект. Конечниот нов изглед на „Белата гулабица“ ќе биде извесен до 25 август, до кога заинтересираните треба да ги достават понудите. Истот ден Град Скопје ќе ги отвори и ќе го избере најповолниот понудувач.
    Власта вака си го замислила Трговскот центар, сега само бара архитект кој ова ќе го нацрта за 7.000 евра

    Власта вака си го замислила Трговскот центар, сега само бара архитект кој ова ќе го нацрта за 7.000 евра

    Авторот на „Палома бјанка“, архитектот Трајко Димитров се изјасни против барокот уште првиот момент кога беше соопштена идејата.
    „Веста дека ќе ја менуваат фасадата на мојата гулабица ја доживеав како инфаркт“, изјави тој пред две години.
    Градските власти воопшто не го консултираа за менувањето на изгледот на негвото дело. Барокот го направија врз основа на согласност од 67  сопственици на објектот, од кои повеќето биле за барокна фасада.
    Изградбата на „Палома бјанка“ почнала во 1988 година, а завршила во 1993. За да го истурка проектот од идеја до реализација, архитектот Димитров објасни дека било многу тешко оти и тогаш зградата имала неколку газди, па му требале натчовечки напори да ги усогласи желбите на сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира