БЕБИЊАТА УМИРААТ ОТИ 200.000 ЖЕНИ СЕ БЕЗ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:345:"Вонекоиградовиимасамопоеденматиченгинеколог,вонекоинемавоопшто,авоСкопјенемавоШутоОризари,вополиклиникатавоДрачево,иво„Букурешт“и„Идадија“,воцентаротнаградот";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕБИЊАТА УМИРААТ ОТИ 200.000 ЖЕНИ СЕ БЕЗ МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ

    Над 200.000 жени во репродуктивен период се без матичен гинеколог. Според матичните гинеколози, во моментов во земјава над 500.000 жени имаат избран гинеколог, а според проценките на здравствените власти треба да бидат над 700.000.

    Минатата недела, Државниот завод за статистика објави податок дека во третото тримесечие од 2016 година починале 90 доенчиња, односно бебиња на возраст до една година. И претходните години имаше периоди со висока стапка на доенечка смртност, а здравствените власти тоа го објаснуваа со фактот дека повеќето од починатите бебиња се предвреме родени деца, со вродени аномалии. Проблемот го лоцираа во тоа што многу жени во текот на бременоста воопшто не одат на контрола кај гинеколог.

    Лекарите велат дека е точно оти многу бремени жени не одат на редовни контроли, но дека за тоа големо влијание има и тоа што нема доволно матични гинеколози и многу од нив остануваат без избран лекар.

    Во некои градови има само по еден матичен гинеколог, во некои нема воопшто, а во последно време и во Скопје има недостиг од овие лекари.

    “Четири гинеколошки ординации во Скопје, во кои досега работеа матични гинеколози се празни. Одамна нема матичен гинеколог во Шуто Оризари, а по една празна ординација има и во поликлиниките во Драчево, Букурешт и Идадија, откако се пензионираа нашите колеги. Проблемот е во тоа што младите колеги не сакаат да бидат матични гинеколози и на огласот на Министерството за здравство никој не се јави за овие ординации“, велат матичните гинеколози.

    Според нив, и огласот на Министерството за здравство за доделување 48 специјализации од областа на гинекологијата нема да го реши проблемот, бидејќи готови лекари кои ќе можат да работат ќе има дури по пет години.

    “Бројот на матични гинеколози очекуваме наредниве неколку години уште повеќе да се намали, бидејќи многу колеги одат во пензија. Има случаи каде има само по еден матичен гинеколог за цел град, како што е случајот со Св.Николе и Валандово. Што ќе се случи со жените од овие градови, ако овие лекари решат да се иселат или да одлучат да не работат со Фондот? Има голем број наши колеги кои имаат свои ординации, но не сакаат да работат со Фондот“, велат од Здружението на приватни гинеколози.

    За да се ублажи проблемот, Фондот за здравствено осигурување пред четири години го зголеми бројот на пациентки од 2.500 на 3.500, за кои матичните гинеколози добиваат 100 отсто капитација, која по пациент изнесува 50 денари. Но, според гинеколозите и тоа не е решение, бидејќи многу од нив веќе имаат по 5.000 пациентки и веќе немаат капацитет да примаат нови.

    “Дневно имаме од 35 до 50 прегледи, и повеќе и да сакаме не можеме да примаме нови пациентки, оти не можеме да постигнеме“, велат од Здружението на матични гинеколози.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира