БЕСПЛАТНА ШКОЛА ПО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 40 ДЕЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕСПЛАТНА ШКОЛА ПО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ЗА 40 ДЕЦА

    Зимската школа по уметничко лизгање на „Еуролинк осигурување“ која започна вчера ќе трае до 27 март, соопшти осигурителната компанија. Предвидено е 40 деца, на возраст од 6 до 14 години бесплатно да ги изучуваат основните техники по уметничко лизгање  на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Школата ја води професионалниот тренер по уметничко лизгање, Ксенија Јаштшењски Симиќ.

    „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во, брендирана опрема и лизгалки.

    Проектот е организиран во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира