БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ЕДИНСТВЕНАТА ДАМА ТРЕНЕР НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Струга,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ЕДИНСТВЕНАТА ДАМА ТРЕНЕР НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

    Пливачкиот тренерски тим на Специјална олимпијада викендов за прв пат учествуваше на Отвореното триатлон првенство во Радожда и освои бронзен медал.

    Мартин Мојсовски, Марјан Ивановски, Радован Велјановски и Елена Зисовска без амбиции, на триатлон првенството сакаа да ја тестираат својата издржливост во чест на атлетите на Специјална олимпјада и очигледно се во добра форма. Бронзениот медал кој го освои Елена Зисовска – Ека е потврда за тоа.

    „ Начинот на кој што ние живееме, редовното пливање и возењето велосипед не држи сите четворица во топ форма. Периодот пред триатлон првенството го поминавме во тренинзи трчање и кондициони подготовки. Ова натпреварување долго време ни беше предизвик и имавме голема желба да бидеме дел од него. Без големи очекувања отидовме во Радожда и мојот бронзен медал ни донесе огромна радост. Медалот е посветен на атлетите од Специјална олимпијада кои секојдневно ги поместуваат сопствените ограничувања, а нивните заложби се моја огромна инспирација, изјави медалистката Елена Зисовска – Ека.

    Триатлон натпреварувачите ги одмеруваа силите во спортските дисциплини пливање, возење велосипед и трчање, (750 метри пливање, 20 километри возење велосипед и 5 километри трчање). Патеката за возење беше поставена кон кампот Ливадиште, а трчањето кон Албанија. На ова триатлон првенство учествуваа 60 триатлонци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира