Комичарот Љупчо Бубо Каров од денеска е надворешен советник на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, соопштија од Секторот за односи со јавноста на Владата.
„Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението.
Љупчо Бубо Каров се прослави со ликот Цацко Конопишки од хумористичната емисија „К-15“, а претходно беше музичар во групата „Токму така“, популарна во доцните 80-ти.