ЧИСТКА ВО ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО НЕ КАЖУВА ОТИ ТОА БИЛО ТАЈНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧИСТКА ВО ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО НЕ КАЖУВА ОТИ ТОА БИЛО ТАЈНА

    Во военото разузнавање е направена смена на високи раководители минатиот петок, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Министерството за одбрана.

    Неофицијално, разрешени биле началникот на аналитика и неколку други раководители во военото разузнавање.

    Истите извори кои сакаат да останат анонимни, затоа што не се овластени да даваат изјави за јавноста тврдат дека смените се направени без никакво образложение, а разрешените раководители се ставени на располагање во Генералштабот на АРМ.

    Од Министерството за одбрана официјално не кажуваат кои се причините за разрешувањето на функционерите и кои се новите раководители во военото разузнавање.

    Во писмениот одговор до САКАМДАКАЖАМ.МК Министерството се  повика на законските одредби дека внатрешната организација на Министерството за одбрана претставува класифицирана информација.

    „Уредувањето на внатрешната организација на Министерството за одбрана и документите кои произлегуваат од истата, претставуваат класифицирани информации. Во таа насока би сакале да потенцираме дека поставувања, преместувања и унапредувања, согласно потребите на Министерството за одбрана, имало и ќе има, во рамки на законската регулатива која ја уредува оваа материја“, се вели во писмениот одговор од Министерството за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира