Д-Р ФАДИЛ ЦЕНА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА НА МЕСТОТО НА Д-Р МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ

    Д-Р ФАДИЛ ЦЕНА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА НА МЕСТОТО НА Д-Р МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌД-р Милена Стевановиќ беше седум години директорка на Инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Д-р Фадил Цана е нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката. Тој доаѓа на местото на д-р Милена Стевановиќ, која седум години беше директорка на Инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со ковид-19, потврдија за МИА од Клиниката.

    Министерството за здравство денеска соопшти дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период се спореведни конкурси во 3 јавно-здравствени установи за избор на 4 директорски места.

    „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров. Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство“, соопшти Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира