Еврокомесарот Јоханес Хан му порача на претседателот Ѓорге Иванов дека мора да го почитува парламентарното мнозинство, откако Иванов денеска одби да му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев, иако лидерот на СДСМ има потписи од 67 пратеници.
„Постојано велиме дека сите лидери во државата, вклучувајќи го претседателот, мораат да го почитуваат исходот од изборите. Во демократија, мора да го почитувате парламентарното мнозинство, дури и ако не ви се допаѓа. Затоа, очекувам сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да продолжи во интерес на граѓаните во земјата“, соопшти пред малку еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.