ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ПОДНЕСУВААТ И ДОГОДИНА ДО 15 МАРТ

    ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ПОДНЕСУВААТ И ДОГОДИНА ДО 15 МАРТДиректорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска најави дека бенефитите од новите даночни процедури граѓаните и фирмите ќе ги добијат од 2019 година.-Директорката Лукаревска и министерот за финансии Драган Тевдовски (Фото: УЈП)

    И догодина граѓаните до 15 март ќе треба да поднесат даночна пријава до Управата за јавни приходи за оваа година. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска најави дека бенефитите од новите даночни процедури граѓаните и фирмите ќе ги добијат од 2019 година.

    „Еден од бенефитите од новите даночни процедури е укинување на годишните извештаи за персонален данок за фирмите од 2019 година. За жал, оваа макотрпна работа сметководителите ќе ја имаат и во 2018 година. Издавањето на пополнетата годишна пријава од УЈП е долгоочекуваната реформа која треба да ги намали долгите редици пред даночните шалтерите во 2019 година, кога ќе им овозможиме на граѓаните нивните приходи кои ги оствариле во 2018 година да ги проверат, потврдат или корегираат електронски бесплатено преку новиот електронски систем“, рече Лукаревска.

    Оваа мерка на УЈП ќе почне во 2019 година бидејќи сè уште не се донесени законските измените за пресонален данок на дохот кои што ќе ја овозможат примената на оваа мерка. Владата на седница на 9 ноември го усвои Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за персонален данок на доход, според кој што наместо граѓаните тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира