Демонстрантите на вечерашниот протест во Скопје ќе побараат да престане прогонот на активистите и поддржувачите на Шарената револуција.
Тие вечерва ќе излезат со барања до 18 јуни Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да се ослободат сите активисти што се во притвор и на кои им се заканува судење поради кривичните пријави поднесени од МВР.