ДЕЦАТА СЛОБОДНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШУВААТ ВО „ЈАХЈА КЕМАЛ“, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПО ИЗЈАВАТА НА ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА ДЕКА УЧИЛИШТЕТО Е ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ДЕЦАТА СЛОБОДНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШУВААТ ВО „ЈАХЈА КЕМАЛ“, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПО ИЗЈАВАТА НА ТУРСКАТА АМБАСАДОРКА ДЕКА УЧИЛИШТЕТО Е ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈАОд Министерството за образование велат дека училиштето ’Јахја Кемал‘ со години работи во образовниот систем. - Од регионалната математичка олимпијада што се одржа во „Јахја Кемал“ во јануари (Фото: Фејсбук/Јахја Кемал колеџ - Карпош)

    Децата слободно може да се запишуваат во сите училишта кои имаат согласност за работа од министерството за образование и кои работат во согласност со законските одредби, а такво е училиштето „Јахја Кемал“, велат од Министерството за образование за САКАМДАКАЖАМ.МК по изјавата на турската амбасадорка во Скопје Тулин Еркал Кара дека „Јахја Кемал“ е терористичка организација и побара од родителите да не ги запишуваат децата таму.

    „Не ја коментираме изјавата на амбасадорката, но наш став е дека сите училишта што се во образовниот систем може непречено да функционираат. Училиштето ’Јахја Кемал со години работи во образовниот систем“, изјавија од Министерството за образование.

    „Апелирам до сите вас и до јавноста, дојдете, сите заедно, нашите деца да ги регистрираме во училиштата на Фондацијата „Мариф“. Доколку ние како родители не сакаме нашите деца во иднина да бидат терористи, треба да ги насочиме во училиштата на „Мариф“, бидејќи „Јахја Кемал“ не нè претставува нас. Дојдете да се бориме против оваа терористичка организација, на суштински начин, и тоа да не остане само на декларативно ниво“, ја пренесе „Порталб“ изјавата на амбасадорката Кара на промоцијата на Фондацијата „Мариф“ завчера во Скопје

    Од МОН велат дека не дале согласност за работа на училиштето во рамки на фондацијата „Мариф“, но според информациите со кои располагаат оваа фондација го откупила приватното училиште „Вудро Вилсон“ во Тетово, за кое претходно Министерството има дадено согласност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира