Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска присуствуваше на одбележување на 95 години од смртта на Мара Бунева на кејот на Вардар во Скопје и ја искористи приликата да ги повтори неговите антимакедонски ставови.
„Тука сме собрани да им кажеме јасно на владејачките србомански политичари дека нема да ги оставиме да ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната и спроведена од Македонија од 7 јануари 1945 година“, кажа Џамбаски од бугарската партија ВМРО-БНД, зборувајќи на мегафон пред стотина Бугари.
Тој додаде дека нема да дозволи продолжување денационализација на Бугарите во Македонија.
Тетовката Мара Бунева во 1928 година извршила атентат на српскиот обвинител Велимир Прелиќ и веднаш потоа се самоубила.