ЏЕНТЛМЕНИ НА МОТОРИ ВОЗЕА НИЗ СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МАШКИТЕ БОЛЕСТИ

    ЏЕНТЛМЕНИ НА МОТОРИ ВОЗЕА НИЗ СКОПЈЕ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА МАШКИТЕ БОЛЕСТИВо Скопје годинава се возеше низ главните булевари низ градот од населбата Аеродром до населбата Ѓорче Петров. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Стотина скопјани со мотори, облечени во костуми и вратоврски во неделата беа дел од глобалниот настан Џентлменско возење (Gentleman’s Ride).

    Настанот секоја година се одржува на 24 септември во 600 градови во светот и учествуваат над 93.000 мажи. Целта е да се подигне свеста за машките болести поточно за ракот на проста и ментално здравје.

    „Настанот е хуманитарен и секој учесник донира на глобалната страна www.gentlemansride.com а собраните средства преку ‘Фондацијата Мовембер’ се донираат за проекти и истражувања за ракот на простата и ментално здравје. До сега се собрани 4.3 милиони долари, а Скопје како дел од ова глобално движење годинава успеа да допринесе со 2.000 долари“, велат организаторите на настанот.

    Ова е втора година Скопје да е вклучен во овој глобален настан. Како и лани и сега се возеше низ главните булевари низ градот од населбата Аеродром до населбата Ѓорче Петров.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира