ДИМИТРОВ И ДАЧИЌ СЕ СМИРИЈА ПО ТЕЛЕФОН, А ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ДРУЖАТ ВО НИШ

    ДИМИТРОВ И ДАЧИЌ СЕ СМИРИЈА ПО ТЕЛЕФОН, А ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ДРУЖАТ ВО НИШДимитров и Дачиќ се договориле спорот да се решава во согласност со тоа што го договориле претседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев.

    Персоналот на српската амбасада се враќа утре во Скопје, а наскоро и амбасадорка, му рекол министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на македонскиот колега Никола Димитов во денешниот телефонски разговор, информираат од МНР.

    Оттаму велат дека двајцата министри се договориле спорот да се решава во согласност со тоа што го договориле претседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев, кои, исто така, денеска разговараа телефонски.

    Дачиќ и Димитров се договориле симболично да покажат дека на двете земји им е важно да се зачуваат традиционално добрите односи со средба на половина пат помеѓу Белград и Скопје во Ниш.

    Заев и  Вучиќ се договорија двете земји да си дадат взаемна поддршка една на друга на патот кон ЕУ без разлика на различните политички ставови во однос на одредени важни политички и регионални прашања, се вели во заедничкото соопштение по нивниот телефонски разговор по повод повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје во неделата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира