Директорите на училиштата да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно-образовниот процес, апелира Министерството за образование и наука (МОН).
Изминатите три дена во повеќе средни скопски училишта стигнаа е-пораки за поставена бомба, по што учениците беа евакуирани и наставата прекината. Досега лицата која ги праќаат заканувачките пораки не се откриени, а министерот Оливер Спасовски рече дека имале првични индиции кои се испраќачите на заканите.
„Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно–-образовниот процес. Тоа е суштината на постоењето на образовните установи и МОН го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците“, велат од МОН.
Оттаму додаваат дека лoкалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна каква било дополнителна поддршка, затоа што „сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите“.
„Се надеваме дека од страна на соодветните органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро“, порачува Министерство за образование.