ДИРЕКТОРОТ НА АЕК ДОНИРАЛ ДРЖАВНИ ПАРИ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ФЕДЕРАЦИЈА КАДЕ ШТО ТОЈ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ДИРЕКТОРОТ НА АЕК ДОНИРАЛ ДРЖАВНИ ПАРИ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ФЕДЕРАЦИЈА КАДЕ ШТО ТОЈ Е ПРЕТСЕДАТЕЛСашо Димитријоски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)(Фото: МИА)

    Сашо Димитријоски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од сметката на регулаторното тело донирал пари на Велосипедската федерација, каде што тој е претседател. Невладината организација Евротинк, што ја следи работата на Агенцијата, предупредува дека со овој начин на работа, се отвора сомнеж за конфликт на интереси.

    „Овој начин на донирање остава сомнеж за конфликт на интереси затоа што човекот раководи со двете организации, АЕК и Велосипедска федерација. Затоа процесот на донирање треба да биде транспарентен. Сега нема информации кој се аплицирал, на кој начин се избираат апликантите, ниту пак АЕК дава повратна информација што е реализирано со тие средства“, вели Горан Лазаров од Евротинк.

    Според финансиските извештаи на Агенцијата, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација.

    Оваа година АЕК има за давање уште 1.3 милиони евра, но не кажува дали ќе даде пари како донација за Панорамското тркало во Скопје, што во име на Град Скопје го гради ЈСП. За три години АЕК донирала 8.8 милиони евра, а најголем дел од парите се дадени за Панорамското тркало што, според првичната проценка, ќе чини околу 18.3 милиони евра.

    Телекомуникациските оператори, од каде доаѓаат најголем дел од парите, изминатите години предупредуваа дека Агенцијата ги користи вишокот средства за цели кои не се развој на електронските комуникациски услуги и со тоа излегува од делокругот на својата работа. Тие бараа висината на годишните приходи кои ги има Агенцијата да бидат усогласени со висината на годишните административни трошоци, што пак од друга страна ќе значи поевтини сметки за телефон за граѓаните.

    Дека АЕК троши пари за несуштински дејности, предупредува и Европската комисија во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

    Според финансиските извештаи на Агенцијата објавени на нејзината веб страница, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација.

    Во 2015, АЕК донирала 4,5 милиони евра, а како што стои во извештајот, парите се дадени како донација на ЈСП за Панорамското тркало. Дел од парите, без да се назначи точно колку, се одвоени и за Специјалната олимпијада.

    Во 2014, АЕК донираше 1,3 милион евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира