Директорот на затворот „Идризово“ Керим Мамути во моментов си поднел оставка на функцијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Заменик директорот ќе го води затворот до именувањето на новиот менаџер на најголемиот затвор.
Мамути поднел оставка бидејќи е од Алијанса на Албанците, која излезе од коалицијата со СДСМ и ДУИ. Веднаш по изборот на Венко Филипче за министер за здравство, ресор кој беше на Алијансата, лидерот Зијадин Села соопшти дека ја напушта коалицијата.
Мамути ја потпишал платата на вработените во „Идризово“, за да не останат вработените за Нова Година без приходи, па си поднел оставка. Во јануари ќе бидат назначени нови директори, не само на затворот „Идризово“, туку и за истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
С.К. ДЕЛЕВСКА