ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА ОТИ ЛУЃЕТО НЕ ВЕРУВААТ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, ВЕЛАТ ОД ХЕРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НЕ СЕ ПРИЈАВУВА ОТИ ЛУЃЕТО НЕ ВЕРУВААТ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, ВЕЛАТ ОД ХЕРА

    Бројот на претставки за заштита од дискриминација е драстично намален. Во 2014 година до Комисијата за заштита од дискриминација биле поднесени 120 претставки, а во 2015 година 76.

    „Ова се официјални бројки за поднесени претставки за заштита од дискриминација. За 2016 година се уште не се готови податоците, но не очекуваме дека тој број е поголем од оние во 2015 година. Претпоставуваме дека луѓето од една страна се плашат да пријават дискриминација, а од друга страна дека не веруваат на институциите на системот дека ќе ги заштитат нивните права. Нивото на толеранцијата кон дискриминацијата во нашето  општество е повисоко и дел од непријавените случаи се должат на тоа, а многу од луѓето и не ја препознаваат дискриминацијата“, рече Драшко Костовски, програмски директор на невладината организација ХЕРА, која ја промовираше новата кампања за подигање на свеста за намалување на дискриминацијата.

    Мотото на кампњата е од народната поговорка „три пати мери, еднаш сечи“, односно пораката до граѓаните е дека ако нешто е вообичаено не значи дека е праведно и дека прво треба добро да размислиме пред нешто да кажеме или направиме, за да не повредиме некого.

    Костовски објасни дека со овој проект, кој трета година финансиски е поддржан од амбасадата на Холандија, се обиделе заштитата од дикриминација да ја спуштат на локално ниво, односно во тоа да се вклучат и општините.

    „Главен резултат од проектот е основање на координативни тела за заштита од дискриминација од советите на општините. На нашиот повик одговорија општините Штип, Куманово и Струмица, кои веќе формираа вакви координативни тела. Овие тела се мултисекторски, односно составени се од Координатор за еднакви можности од секоја општина, претставници на канцеларијата на Народниот правобранител, од Министерството за труд и социјална политика и од здруженијата на граѓани“, рече Костовски.

    Во рамки на кампањата изработено е видео со најчестите облици на дикриминација, кое ќе биде промовирано во пет града во земјава.

    „Во видеото се зборува за дискриминација при вработување од родов аспект, однсоно дискриминација на младите жени, потоа за дискриминација поради социјален статус и дискриминација врз база на сексуална ориентација. Овие три теми ги обработивме, токму на сугестија од локалните самоуправи, кои кажаа дека во нивните општини тоа се најчестите облици на дикриминација. Ги повикуваме и останатите општини во земјава да се вклучат во акцијата за спречување на дискриминацијата и да ја преземат добрата пракса од Куманово, Штип и Струмица“, рече Костовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира