ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ПРВОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА „70 ГОДИНИ МАКПЕТРОЛ“, НАЈСРЕЌНИОТ ДОБИ АВТОМОБИЛ ХОНДА ЏЕЗ

    ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ПРВОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА „70 ГОДИНИ МАКПЕТРОЛ“, НАЈСРЕЌНИОТ ДОБИ АВТОМОБИЛ ХОНДА ЏЕЗ

    Макпетрол денеска додели автомобил Хонда џез, лаптопи Дел и скутер Хонда на добитниците на наградите од првото полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“, соопшти нафтената компанија.

    Макпетрол ја креираше наградната игра, која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември, по повод 70-годишнината на компанијата и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите.
    Наградите беа доделени во продажно-сервисниот салон на Хонда. Лаптопи Дел добија Јован Митрески и Алекса Костадинов, скутер Хонда доби Гоце Павлески, а дома со автомобил Хонда џез си замина Фадил Бесири.

    „Оваа година за нас претставуваше уште една потврда за лидерската позиција на Макпетрол во енергетскиот сектор во републиката. Дополнително, јубилеjот уште повеќе го зголеми нашиот стремеж да бидеме беспрекорни во својата работа и постојано посветени на најдобар начин да ги задоволиме растечките потреби на корисниците“, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје, на свеченоста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира