ДОКАЗИТЕ ЗА „ТАРГЕТ“,„ТВРДИНА“ И „ТИТАНИК“ ВЕЧЕРВА ДОНЕСЕНИ ВО СУДОТ

    ДОКАЗИТЕ ЗА „ТАРГЕТ“,„ТВРДИНА“ И „ТИТАНИК“ ВЕЧЕРВА ДОНЕСЕНИ ВО СУДОТЗа овие случаи, од вечерва почнува да тече рокот за Судот да одговори на барањата на СЈО за одредување мерка притвор или други мерки на претпазливост за обвинетите. (аматерска фотографија)

    Вечерва околу 21.30 часот часот, службеници од Специјалното јавно обвинителство со комбе ги донесоа во Основниот суд Скопје 1 доказите за предметите „Таргет“ и „Тврдина“, споени во еден случај за нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, односно во Петтата управа во МВР, како и доказите за обемниот предмет „Титаник“.

    Овие случаи од моментов добиваат 24 законски часа да се распоредат кај судии кривичари во одделот за полнолетни лица и пред Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, бидејќи има барања за притвор за неколку лица, вклучувајќи го и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    СУДОТ ИМ ГИ ОДЗЕДЕ ПАСОШИТЕ НА ЛАТАС И ИВОНА, ОДЛУКИ ЗА БАРАЊАТА НА СЈО ЗА ПРИТВОР И УТРЕ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира