ДОКТОРИТЕ ДЕЈАН ФИЛИПОВИЌ И БЕКИМ ПОЦЕСТА СЕ НОВИ ДИРЕКТОРИ НА КОЖНАTA КЛИНИКА И НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА

    ДОКТОРИТЕ ДЕЈАН ФИЛИПОВИЌ И БЕКИМ ПОЦЕСТА СЕ НОВИ ДИРЕКТОРИ НА КОЖНАTA КЛИНИКА И НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈАД-р Филиповиќ од 2018 е вработен на Кожната клиника, а д-р Поцеста од 2005 на Кардилогија. (Фото: Здружение за естетска медицина/Клиника за кардиологија

    Докторите Дејан Филиповиќ и Беким Поцеста се назначени за нови директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија, соопшти Министерството за здравство. Д-р Филиповиќ доаѓа на местото на проф. д-р Сузана Николовска, а Поцеста на местото на д-р Жан Зимбаков.

    За д-р Филиповиќ, од Министерството велат дека од 2018 е вработен на Кожната клиника како специјалист-дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Тој во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија на Универзитет „Кирил и Методиј”, член e на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

    Д-р Поцеста e долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 е вработен на Клиниката за кардиологија на Oдделот за интензивно лекување, како и во Sлужбата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди. Во 2019 се стекнал со звање примариус. Тој и претходно бил директор на Кардиологија, од  јули 2017 до февруари 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира