ДОЦНА ПОЧНА ПРОМОЦИЈАТА ЗА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ЗАТОА ШТО ХОТЕЛИТЕ КОГА ДОЗНАА ГИ ДУПЛИРАА ЦЕНИТЕ, ВЕЛИ ДИМЕВСКИ ОД МОК

    ДОЦНА ПОЧНА ПРОМОЦИЈАТА ЗА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА ЗАТОА ШТО ХОТЕЛИТЕ КОГА ДОЗНАА ГИ ДУПЛИРАА ЦЕНИТЕ, ВЕЛИ ДИМЕВСКИ ОД МОКНа младинската олимпијада учествуваат над 4.000 спортисти од 59 земји. (Фото: ЕМОФ)

    Слабата и задоцнета промоција на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), што деновиве се одржува во Скопје, е резултат на одлуката да се избегнат двојно повисоките цени што хотелиерите ги побарале веднаш штом дознале за настанот, вели претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски.

    На вчерашната прес-конференција, Димевски кажа дека се одлучиле за интензивна кампања во последниот месец, откако претходно ќе се обезбедат сместувачките капацитети.

    „Можеби требаше порано да се отпочне силната промоција на овој настан, но одлуката да се оди со еден подруг пристап, со интензивна кампања последниот месец, беше оправдана од клучната причина. Повеќе од две третини од капацитетите што ги користиме се хотели. Хотелиерите, водени од комерцијални принципи, во првиот момент кога дознаа дека ќе се случи ваков настан, ги зголемија цените за двојно“, рече Димевски.

    Тој додаде дека одлуката да се почека со „агресивна кампања“ била прагматична, бидејќи во спротивно, финансиската стабилност на организацијата ќе била доведена во прашање. Како што вели тој, за разлика од други слични настани, овојпат не било можно поголем дел од учесниците да се сместат во студентските домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира