Албанскиот премиер Еди Рама преку Твитер му се обрати на претседателот Ѓорге Иванов и му порача дека без Албанци нема Македонија, откако Иванов одби да му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев.
„Г-дине Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку на еден државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија, драг претседателе!“, твитна Рама
Иванов го обвини лидерот на СДСМ дека ја нарушува унитарноста на земјата со тоа што преговара за платформа, како што кажа претседателот, изработена и потпишана во кабинет на премиер на туѓа држава, алудирајќи на албанскиот премиер Еди Рама.