ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 9.500 ЕВРА НА ГРУЕВСКИ ЗА АДВОКАТИ ВО ЗАСТАРЕНИОТ СЛУЧАЈ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ

    ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 9.500 ЕВРА НА ГРУЕВСКИ ЗА АДВОКАТИ ВО ЗАСТАРЕНИОТ СЛУЧАЈ ЗА КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИПоранешниот премиер Никола Груевски Груевски од декември 2017 до декември 2018 имаше бранители по сопствен избор, а од декември до застарување на делот од судот му беше назначен адвокат по службена должност. - Груевски пристигнува на рочиште за „Траекторија“ (архивска фотографија)

    Државата ќе треба да плати 589.680 денари за адвокатите на азилантот во Унгарија Никола Груевски, откако на 13 ноември Кривичниот суд констатираше дека на поранешниот премиер му застарело делото во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Во случај на застарување на делото, судските трошоци на обвинетиот, во случајов Груевски, ги плаќа државата.

    Пресметката ја направи Коалицијата „Сите за праведно судење“, ориентационо врз основа на мониторираните рочишта за главната расправа од предметот „Траекторија“. Биле одржани 36 рочишта, а Груевски од декември 2017 до декември 2018 имаше бранители по сопствен избор, а од декември до застарување на делот од судот му беше назначен адвокат по службена должност.

    Груевски беше обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во предметот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати. Максималната казна за ова кривично дело е три години затвор, а од делото за кое се товари во обвинението, поднесено од СЈО во јуни 2017, се поминати шест години.

    Во „Траекторија“, обвинети се уште поранешните министри Владимир Пешевски и Миле Јанакиески, како поранешниот директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие се обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување и за нив судењето продолжува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира