Државниот инспекторат за животна средина веќе месец и половина е без директор. Според објавата во Службен Весник, со одлука на Владата, донесена на седницата на 5 октомври, досегашниот директор на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед е разрешен од оваа функција, а на истата седница на Владата донесена е одлука со која тој се именува за заменик директор на Агенцијата за храна.
Неофицијално, вработените во Државниот инспекторат за животна средина велат дека досегашниот директор е разрешен бидејќи му истекол мандатот, а потоа е префрлен во Агенцијата за храна. Мемед два мандати по ред беше директор на Државниот инспекторат за животна средина. Во меѓувреме нов директор не е именуван.
Инспекторот Хусни Тачи, кој и досега работеше во Државниот инспекторат за животна средина, со овластување од Министерот за животна средина Башким Амети е овластен да ги извршува работите од инспекцискиот надзор.
Е. БОЧВАРОСКА