Двајца припадници на мобилната сообраќајна полиција од станицата во Петровец се позитивни на тест од коронавирус. Со претходните тројца заразени, вкупната бројка на инфицирани полицајци со овој вирус се искачи на 5.
Според информациите од МВР, тројцата се со лесна клиничка слика, исто како и двајцата новозаболени.
Во Министерството велат дека и натаму сите полициски станици, возила и средства за работа редовно се дезинфицираат и дека полицајците носат заштита.
Вработените со кои двајцата биле во контакт, се изолирани.
С. К. ДЕЛЕВСКА