„ЕЈЏИАН“ ВОВЕДУВА СЕЗОНСКИ ЛЕТ СКОПЈЕ-КРФ ОД 1 ЈУНИ

    „ЕЈЏИАН“ ВОВЕДУВА СЕЗОНСКИ ЛЕТ СКОПЈЕ-КРФ ОД 1 ЈУНИПреку регионалниот бренд „Олимпик Ер“, „Ејџиан“ ќе лета двапати неделно, вторник и сабота. (Фото: СДК.МК)

    Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ од 1 јуни ќе почне сезонски да лета од Скопје до островот Крф.

    Со авиони АТР-72, „Ејџиан“ преку регионалниот бренд „Олимпик Ер“ ќе лета двапати неделно, вторник и сабота од македонската престолнина до популарната туристичка дестинација во Јонското море.

    На веб сајтот на „Ејџиан“ веќе можат да се купат карти за овој лет, со почетна цена од околу 130 евра за еден правец. Планот е овој лет да биде одржуван до 28 септември.

    „Ејџиан“ веќе лета од Скопје за Атина секој ден и за Сараево трипати неделно.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира