„Ејџијан ерлајнс“ ја прекина продажбата на билети за најавениот нов лет од Скопје за Крф, што требаше да почне во јуни со линијата Атина-Скопје-Крф-Скопје-Атина објави специјализираната веб страница за авиосообраќај „ексјуавиејшн“.
Летовите требаше да се одвиваат двапати неделно, во вторник и сабота.
Во ревидираниот распоред на „Ејџијан“ овие неделни летови се целосно укинати и тие два дена ќе ги нема ни летовите од Атина за Скопје. На тој начин сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.