Државниот инспекторат за животна средина се откажа од идејата со дронови и со термални камери да ги лови загадувачите. Од Инспекторатот велат дека сѐ уште е активен договорот за изнајмување на дроновите, но тие нема да се користат при редовни и вонредни контроли, туку за снимање на хидросистемите, стопанските субјекти кои се под нивна надлежност и националните паркови.
„Договорот сѐ уште е активен за изнајмување на дроновите и тие ќе ги користиме за наши потреби, а доколку со нив се забележи нешто девијантно и нелегално ќе пријавиме во Министерството за внатрешни работи и на локалните самоуправи“, вели Дарко Бликов од Државниот инспекторат за животна средина.
Употребата на дронови и термални камери за лоцирање на точните извори на загадување го најави поранешниот директор на Инспекторатот Мирослав Богдановски, кој сега е раководител на еколошката инспекција во Град Скопје. Идејата беше со дроновите да се лоцираат можните диви загадувачи и оние што на отворено палат огнови, при тоа беа направени неколку снимки и објавени.
„Тие снимки што беа првично направени во Гази Баба и во делот каде имаше палење огнови веќе беа објавени, но сега планот не е таков. Набавка на термални камери за откривање на можни загадувачи е скапо, дури и европските искуства го покажауваат тоа. Инспекторите во општините треба да ги лоцираат овие загадувачи, а доколку со нашите снимки се покаже нешто такво ќе им ги дадеме за да може да постапат“, вели Блинков.
Е. БОЧВАРОСКА