ЕЛЕМ БАРА ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА 1,5 ПРОЦЕНТИ

    ЕЛЕМ БАРА ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА 1,5 ПРОЦЕНТИГенералниот директор на РЕК Васко Ковачевски рече дека значително се намалени трошоците за производство, а во ремонтот на термоелектраните ќе вложат над 600 милиони денари или 10 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Поевтинување на производната цена на струјата од АД ЕЛЕМ за 1,5 проценти или за 0,6 евра бара компанијата од Регулаторната комисија. Ова го изјави генералниот директор на ЕЛЕМ Драги Миновски, објаснувајќи дека тоа ќе значи од 41 евро намалување на ниво на четириесетина евра за гигават час.

    „Минатиот период ЕЛЕМ постигна многу позитивни финансиски резултати во своето работење. Поради домаќинското работење, намалените трошоци, одговорното работење на менаџментот, оптималното искористување на производните капацитети, продажбата на вишоци, која беше направена во изминатиот период и која следи во периодот пред нас, дозволија ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година, да побара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1, 5 проценти за годинава. Се надевам дека и другите компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ. Тоа е нашето барање, доколку Регулаторната комисија смета дека има дополнителни можности за намалување тоа ќе го спроведи“, изјави Миновски.

    Тој денес го посети РЕК по повод 34 години од пуштањето во употреба на Блокот 2. Од пуштањето во погон, па се до денес овој блок има произведено над 43 770 гигават часови или просечна 6 годишна потрошувачка на електрична енергија во Македонија.

    Миновски рече дека оваа година ремонтните активности во РЕК започнаа на време. Се одвива ремонт на блокот 1, а ќе следува на блоковите 2 и 3 со цел спремни со три блока да ја дочекаат грејната сезона.

    „Во моментов на депонија има подготвен и откопан јаглен од 280.000 тони што гарантираат зголемено производство на струја и безбедна и сигурна работа на РЕК“, вели Миновски.

    Генералниот директор на РЕК Васко Ковачевски рече дека значително се намалени трошоците за производство, а во ремонтот на термоелектраните ќе вложат над 600 милиони денари или 10 милиони евра.

    „Во изминатите неколку години од претходното раководство на РЕК не беа завршени ремонтните активности во РЕК и затоа предвидовме за оваа годиниа да направиме капитален ремонт на Блок 1 и ремонтни активности на другите два блока“, рече Ковачевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира