Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ од 4 август ќе лета од Охрид за Базел, Швајцарија, за потребите на струшкиот туроператор „Велешта Рајзен“, објави специјализираниот сајт „Екс Ју Ејвиејшн“.
Авиокомпанија ќе користи авион Ербас А319 на рутата следниот месец, почнувајќи од 4 август. Авиокомпанијата има договор со туроператорот од Струга за летови во еден правец за Базел за потребите на дијаспората што живее во Швајцарија, која ќе се враќа дома по одморите.
Летови меѓу Охрид и Базел има и „Виз Ер“, а „Ер Србија“ лета за Охрид од Белград и Бања Лука.