Летонскиот национален авиопревозник „ЕрБалтик“ следниот мај ќе почне со летовите од Рига до Скопје, Љубљана и Приштина, кои за првпат се воведуваат. Сите три линии ќе ги има двапати неделно, а ќе се лета со „ербас А220-300“.
Првиот лет на релацијата Рига-Скопје ќе се случи на 2 мај 2024.
„Подготвувајќи се за новата сезона, откривме можност да ја прошириме нашата мрежа во централна и југоисточна Европа со конекции до балтичките и скандинавските држави“, изјави извршниот диртектор на „ЕрБалтик“, Мартин Гаус.
Оваа компанија летово отвори сезонски линии од Рига за Белград и Тиват.