ЕВАКУИРАНА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ЗАБОРАВЕН КУФЕР СО ОБЛЕКА

    ЕВАКУИРАНА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ЗАБОРАВЕН КУФЕР СО ОБЛЕКАМеѓународна автобуска Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Во Меѓународната автобуска станица во Скопје денеска интервенираше полиција по пријава за поставена бомба. Пријавено било поради оставен куфер до банкомат на станицата, а по евакуацијата на присутните и проверките, полицијата утврдила дека некој го заборавил куферот и во него имало облека.

    „Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните“, соопштија од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира