ЛАЖЕН ПОП ПЕЕЛ НА ГРОБИШТАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЗА ЗАДУШНИЦА

    ЛАЖЕН ПОП ПЕЕЛ НА ГРОБИШТАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЗА ЗАДУШНИЦАУште не се знае дали Б. П. досега опевал на гробишта или одел да крши славски колач по куќи, колку пати досега измамил луѓе претставувајќи се лажно како поп, дали воопшто ги има научено текстовите за пеење, ни колку заработил од свештенството. (Фото: СДК.МК)

    Тамам да почне да опева на еден од гробовите во Ѓорче Петров во Скопје во саботата на Задушница, упаднале полицајци и го уапсиле лицето во црна мантија, под сомневање дека е лажен поп.

    „На први ноември на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полицајци од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б. П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, рекоа од МВР.

    Не се знае дали Б. П. досега опевал на гробишта или одел да крши славски колач по куќи, колку пати досега измамил луѓе претставувајќи се лажно како поп, дали воопшто ги има научено текстовите за пеење, ни колку заработил од свештенството.

    Полициските инспектори допрва ќе го испрашуваат Б. П. за неговото глумење свештеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира