ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ПРОВЕРУВА ЛИСТАТА НА ОСИГУРЕНИЦИ ЗА ДА НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ ОД СИВАТА ЕКОНОМИЈА И ОД ОНИЕ КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТА

    ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ПРОВЕРУВА ЛИСТАТА НА ОСИГУРЕНИЦИ ЗА ДА НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ ОД СИВАТА ЕКОНОМИЈА И ОД ОНИЕ КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТАКлековски кажа дека целта не е да се укине здравственото осигурување, туку да се воспостави фер и праведен однос, бесплатна здравствена заштита да има за луѓето кои навистина немаат приходи и за оние кои остваруваат приходи во сива економија или надвор од Македонија. (Фото: К. Попов)

    Се проверува листата на осигуреници преку Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ), за да се намали ризикот од злоупотреба, кажа денеска директорот Сашо Клековски.

    „На иницијатива на Фондот, со одлука на Владата, започнат е процес на преоценување на критериумите за здравствено одигурување. Македонија има еден од највклучувачките закони кои обезбедуваат основ за здравствено осигурување за секој еден граѓанин, затоа што целта е универзално здравствено осигурување за сите .Во моментов во Фондот има 1.845.007 осигуреници.

    Целта на преоценувањето е да се намали ризикот од злоупотреба и посебен фокус е основот за осигурување за ‘лица со пониски и повисоки примања, а не се вработени (невработени лица)’. По тој основ се осигурани околу 477 илјади лица. Целта за овој основа да се опфатат не само активните баратели на работа, туку и лицата кои не се формално вработени.

    Ризикот е од две групи. Првата е сива економија каде спаѓаат лица кои остваруваат приходи на неформален начин надвор од трансакциска сметка и во втората група се лица кои не живеат и не ги остваруваат примањата во Македонија. Оваа основа е поврзана со остварени или неостварени приходи на трансакциска сметка. Доколку немате приходи на трансакциска сметка се квалификувате да имате бесплатна здравствена заштита. Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основа на повеќе исплатени капитации (број на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари)“, рече Клековски.

    Основниот проблем е сивата економија и затоа процесот го води работна група која покрај Фондот го вклучува Министерството за здравство, Министерството за финансии и Управа за Јавни Приходи – УЈП, а по потреба се консултира Министерството за внатрешни работи“, рече Клековски.

    Според директорот, има градови во државата кои се празни, а на лето доаѓаат иселеници со луксузни автомобили и го користат здравственото осигурување од државата за да вршат прегледи и интервенции. Од друга страна, има и матични лекари на кои на пример Фондот им исплаќа капитација за 100 илјади осигуреници, а тие имаат реално помалку пациенти.

    „Ги зголемивме капитациите на матичните лекари, но мора да се има увид колку пациенти реално имаат. Затоа се вклучи и МВР, да видиме кои лица влегуваат и излегуваат од државата, а немаат направено испис од неа“, кажа Клековски.

    Директорот кажа дека целта не е да се укине здравственото осигурување, туку да се воспостави фер и праведен однос, бесплатна здравствена заштита да има за луѓето кои навистина немаат приходи и за оние кои остваруваат приходи во сива економија или надвор од Македонија, да се најде начин да го стеснат просторот за овие злоупотреби.

    „Ова е дел од напорите да го консолидираме работењето на Фондот и на приходната страна, бидејќи ни се неопходни повеќе средства за здравствени услуги. Можната штета тука е по две основи, се оштетува буџетот, бидејќи се обезбедува бесплатна здравствена заштита за луѓе кои може да си допуштат да платат и второ дека имаме број на осигуреници кои не е реален во основа, а ние ги исплаќаме капитациите за матични лекари врз основа на тој број. Може да констатирате дека бројот на осигуреници ни е поголем од бројот на попишани жители на последниот попис. Колку да е тој мал сметаме дека со зголемување на правата мора да растат одговорностите и во здравствениот систем ги отстрануваме сите ризици од можни злоупотреби“ рече Клековски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира