Фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК Ѓорѓи Личовски ја доби наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на вечерашната церемонија на Здружението на новинари на Македонија.
Владо Апостолов од БИРН е добитник на наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за серијалот текстови „Досие Здравев“, а специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“.
Личовски, кој е соработник и на Европската Прес Агенција (ЕПА) повеќе од две децении, минатата година доби признание бронзен медал на германската Академија Лид за трета најдобра фотографија, објавена во медиум во Германија за фотографијата со татко и син бегалци на македонско-грчката граница кај Гевгелија.
За истата фотографија, тој веќе ја освои и првата награда од фондацијата „Марко Лучета“ од Италија за Најдобра објавена фотографија во светот во 2015 година.