ГАБРИЕЛА ЈАКОВЛЕВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО РАЗРЕШИ ЕРОЛД МУСЛИУ

    ГАБРИЕЛА ЈАКОВЛЕВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО РАЗРЕШИ ЕРОЛД МУСЛИУСиљановска-Давкова ја именуваше и Ивана Стојановска за заменичка-директорка во Агенцијата за разузнавање. (Фото: Претседателка на РСМ)

    Габриела Јаковлева е нова директорка на Агенцијата за разузнавање, која претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја именува на местото на досегашниот директор Еролд Муслиу кој е разрешен, соопшти кабинетот на претседателката.

    Сиљановска-Давкова ја именуваше Ивана Стојановска за заменичка-директорка во Агенцијата за разузнавање, а од ова место ја разреши Александра Бакреска-Додовска.

    Од кабинетот соопштија дека Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира