ГЕРИЛСКА АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

    ГЕРИЛСКА АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

    Скопје, 21 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – По очите на дрвјата во Дебар Маало и ајкулите во Вардар, на неколку локации во општина Аеродром беа поставени фигури на Пакман, топка од видео игра која јаде се пред себе. Жители на општината велат дека на овој начин го изразуваат револтот од најавите за уништување на зеленилото за изградба на нови зграци.

    Минатата недела беше презентиран нов план за Аеродром кој предвидува изградба на 40 згради. По жестоките реакции на дел од жителите од општината велат дека сапо три згради се ново предвидени, а останатите биле предвидени и во претходниот план. Жителите најавија дека нема да дозволат изградба на нови згради, дури и поцена да мора да го бранат зеленилото со жив штит.

    На сличен начин со поставување очи на дрвјата, жителите на скопско Дебар Маало пред една година го искажаа револотот поради масовната сеча на дрвја. Минатото лето во Вардар близу галиите беа поставени ајкули од стиропор во знак на револт од проектот „Скопје 2014“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира