ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ВРЕДНИ 360.000 ЕВРА

    ГЕРМАНИЈА ДОНИРАШЕ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ВРЕДНИ 360.000 ЕВРАНа примопредавањето на донацијата присуствуваше и германската амбасадорка Анке Холштајн (Фото: К. Попов)

    Сојузна Република Германија му донираше возила и друга опрема на Министерството за внатрешни работи, чија вкупна вредност изнесува 360.000 евра. На примопредавањето на дел од донацијата присуствуваше и германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн.

    Донацијата, меѓу другото, се состои од теренски возила, теренски квадрицикли и технички ресурси, како што се проверувачи на документи и оваа опрема е наменета за граничната полиција.

    „Од 2020, Сојузната полиција на Германија ги поддржа своите колеги во Македонија со опрема вредна околу 1,7 милиони евра. Оваа помош се реализира преку канцеларијата за врски на Сојузната полиција во Скопје и ја поддржува македонската гранична полиција во предизвикувачката задача за поефикасно откривање и сузбивање на прекуграничниот криминал“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира