ГЕРМАНСКА РАБОТНА ДОЗВОЛА САМО СО ПРИЗНАЕНА КВАЛИФИКАЦИЈА И ОБЕЗБЕДЕНО РАБОТНО МЕСТО

    ГЕРМАНСКА РАБОТНА ДОЗВОЛА САМО СО ПРИЗНАЕНА КВАЛИФИКАЦИЈА И ОБЕЗБЕДЕНО РАБОТНО МЕСТОГерманскиот амбасадор во Скопје Томас Герберих вели дека не сакаат да поттикнуваат одлив на мозоци, туку се залагаат за создавање на одржлив пазар на трудот во земјите од Западен Балкан. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонските граѓани можат да добијат работна дозвола во Германија само откако ќе им биде признаена квалификацијата, без оглед дали имаат високо или средно образование, откако на 1 март стапи во сила новиот германски закон за доселување на стручњаци.

    Германскиот амбасадор во Скопје Томас Герберих вчера во видеообраќање ја појасни постапката која ја предвидува новиот Закон за доселување на стручна работна сила. Тој кажа дека не сакаат да поттикнуваат одлив на мозоци, туку се залагаат за создавање на одржлив пазар на трудот во земјите од Западен Балкан, додавајќи дека ќе бидат поддржани и оние македонски државјани кои ќе одлучат да се вратат од Германија со цел тука да го пренесат стекнатото знаење.

    Новите правила се детално објаснети на интернет-страницата на германската амбасада во Северна Македонија.

    Новиот германски закон им овозможува на стручњаци со средно и со високо образование да конкурираат за работа во Германија на исто ниво со германските граѓани и со граѓаните на ЕУ. Но, без разлика на степенот на образование, тоа мора да биде признато во Германија.

    Постапката за стручно лице се изведува на следниот начин, чекор по чекор:

    • Признавање на вашата странска квалификација во Германија;
    • Конкретна понуда за работно место;
    • Работна виза.

    Новиот закон нуди можност стручните лице да поднесат барање за виза со важност од шест месеци со цел барање на работно место во Германија, под услов да поседуваат соодветната квалификација и доколку странската квалификација е веќе признаена. Треба да се има и одредено ниво на познавање на германскиот јазик (најчесто Б1).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира