Едно лице е повредено во судар меѓу две возила кој попладнево се случи на регионалниот пат Крива Паланка-Куманово, кај селото Војник.
Сообраќајот беше во застој повеќе од еден час и на патот се создаде неколкукилометарска колона возила.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека сударот бил меѓу патничко возило и мотор и според првичните информации едно лице е повредено. Увидот е во тек.
Попладневно и владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев се враќаше по оваа делница за Скопје од Бугарија, каде заедно со премиерот Бојко Борисов беше на честување на 115-годишнината од Илинденското востание во Благоевград.
А. АНТЕВСКА