ГОЛЕМИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ БАРААТ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВАТА ШТО СЕ УВЕЗУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

    ГОЛЕМИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ БАРААТ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВАТА ШТО СЕ УВЕЗУВААТ ВО МАКЕДОНИЈАОд Хрватската нафтена компанија ИНА велат дека со влезот во ЕУ, има построги правила за примена на еколошки стандарди во производство на нафтени деривати (Фото: СДК.МК)

    Големите нафтените компании бараат построга контрола на квалитетот на горивата што се увезува во земјва. Тие велат дека државата сѐ уште не прави мониторинг на целиот пазар, а според нив тоа е потребо за да се знае кој дистрибутер колку квалитетно гориво нуди на пазарот. Од ОКТА и Макпетрол велат дека имаат сопствени лабаоратории за мониторинг и дека со години бараат соодветен мониторинг на пазарот.

    „Државата се уште нема преземено конкретни чекори за мониторинг на целиот пазар. Кога го велам тоа мислам на останатите дистрибутери на пазарот. Сигурно дека има одредени пропусти и канали каде се внесува и гориво со несоодветен квалитет. Треба да се вклучи царината, министерството за економија, Пазарниот инспекторат“, вели Горан Анѓеловски, директор за стандардизација и квалитет во Макпетрол.

    Ице Рикалоски, директор во Окта вели дека сите дистрибутери според законските одредби мора да ги задоволувааат критериумите за квалитет.

    Од Хрватската нафтена компанија ИНА велат дека со влезот во ЕУ, има построги правила за примена на еколошки стандарди во производство на нафтени деривати.

    „Од влезот на Хрватска во ЕУ се зголеми и бројот на ЕУ стандардите, како што се еколошките. Сега сме стигнати до Еуро шест гориво, нешто што го нема во повеќето земји во регионот. Тоа се тие построги додатни правила кои се однесуваат на заштита на околината“, кажа Тихана Коренц, од рафинерија за нафта ИНА.

    Во Охрид се одржува седмиот Регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати од регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира