ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ ПРИЈАВУВААТ ДЕКА ЧЕКААТ ДОЛГО ВРЕМЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АЛИУ

    ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ ПРИЈАВУВААТ ДЕКА ЧЕКААТ ДОЛГО ВРЕМЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ АЛИУ„Сакам да потенцирам дека пријавите не остануваат во фиока. Секоја се разгледува посебно“, рече Алиу. (Фото: К. Попов)

    Деведесет пријави за нерегуларности во здравствените установи стигнале во Министерството за здравство, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Од нив 60 се процесирани, а само две се информации кои имаат индиции, за кои ќе се разговара со институциите. Пријавите стигнуваат преку алатката на официјалната страница на Министерството за здравство за пријавување на неправилности.

    „Од 9о-те пријавени, најголем дел се од Скопје, има и по 1-2 од другите градови. Има поплаки и за здравствениот и за приватниот сектор. Тоа не се индикации за финансиска злоупотреба, туку за недоволно оптимизирање на услугите, односно за долго чекање. Злоупотреба на тој ред кој граѓаните сакаат да го имаат. Дошле на време за да добијат некоја услуга, а ја добиле после неколку часа. Сакам да потенцирам дека пријавите не остануваат во фиока. Секоја се разгледува посебно, со цел да има институционална реакција. Заврши времето кога се игнорираа здравствените проблеми“, рече Алиу на денешната прес-конференција.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира