ХЕМАТОЛОЗИ ОД ЕВРОПА И САД ВО СКОПЈЕ ДРЖЕА ПРЕДАВАЊА ЗА СОВРЕМЕНИ ЛЕКУВАЊА НА КРВНИТЕ БОЛЕСТИ

    ХЕМАТОЛОЗИ ОД ЕВРОПА И САД ВО СКОПЈЕ ДРЖЕА ПРЕДАВАЊА ЗА СОВРЕМЕНИ ЛЕКУВАЊА НА КРВНИТЕ БОЛЕСТИНастанот го отворија академик Димитар Ефремов и проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, кои говореа за значењето на регионалната и меѓународната соработка за напредокот на медицинската наука и подобрување на грижата за пациентите. (Фото: МЗХ)

    Врвни доктори од светот изминатиов викенд во Скопје оджраа предавања за современите терапии во хематологијата, а особено внимание беше посветено на детска хематологија и на улогата на невладиниот сектор во застапување на пациентите.

    Експертите од Македонија, Европа и од САД држеа предавања за современите лекувања кај лимфомите, хроничната лимфоцитна леукемија, мултиплиот миелом и други хематолошки малигнитети, а имаше и сесии посветени на најновите генетски истражувања и иновативни пристапи во третманот на крвните заболувања. Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), викендов истовремено се одржаа два настана: Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија (МЗХ) и шестиот Балкански ден на хематологијата организиран од Европската хематолошка асоцијација. 

    Настанот го отворија академик Димитар Ефремов и проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, кои говореа за значењето на регионалната и меѓународната соработка за напредокот на медицинската наука и подобрување на грижата за пациентите.

    Организацијата на  овој престижен хематолошки состанок токму во Скопје е резултат на долгогодишна соработка меѓу Македонското здружение на хематолози, Европската хематолошка асоцијација (EHA) и националните хематолошки здруженија од балканските земји.

    Академик Еремов  рече дека овој научен собир кој за него има особено значење, бидејки гостите се негови долгогодишни соработници во унапредувањето на научните достигнувања  во областа на лимфопролиферативни болести.

    „Ова е првпат да сме домаќини на ваков настан, кој се совпаѓа со Четвртиот конгрес на Македонското здружение за хематологија со меѓународно учество. Програмата беше фокусирана на најновите достигнувања и современи клинички практики поврзани со лимфопролиферативни нарушувања. Неверојатно е чувството да пишуваме историја за македонската хематолошка наука, знаејќи дека секој наш чекор води кон подобар третман и лекување на пациентите“, изјави проф. д-р Пановска-Ставридис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира