ХРВАТСКИ ДРЖАВЈАНИН ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА И Ѝ ЈА ПОВРЕДИЛ ПЛАЦЕНТАТА СО БЕБЕТО, УАПСЕН Е ПРИ БЕГСТВО НА БЛАЦЕ

    ХРВАТСКИ ДРЖАВЈАНИН ЈА ПРЕТЕПАЛ БРЕМЕНАТА СОПРУГА И Ѝ ЈА ПОВРЕДИЛ ПЛАЦЕНТАТА СО БЕБЕТО, УАПСЕН Е ПРИ БЕГСТВО НА БЛАЦЕНасилникот се обидел да избега од земјава и е уапсен на граничниот премин Блаце. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата вчера, при напуштање на Македонија на граничниот премин Блаце, уапсила хрватски државјанин оженет за скопјанка, која ја претепал бремена и ја раскрварел, го повредил и 5-месечното неродено бебе и тргнал да бега. Во системот тој веќе бил означен под „апси“ и веднаш бил уапсен и однесен пред обвинител.

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје отворил истрага против насилникот под сомнение за кривичното дело Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „При вршење семејно насилство во домот во Скопје тој телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво почнал да ѝ се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што ѝ ја удирал главата од ивицата на креветот. Престанал кога оштетената започнала да крвари, по што жртвата успеала да се засолни во тоалетот и да повика полиција и брза помош. Осомничениот слушнал дека повикува помош, по што го напуштил станот. Кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот“, соопшти Обвинителството.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира