ИМА ПРОПУСТИ И ЗЛОУПОТРЕБИ СО СНИМАЊАТА КАКО ШТО КОНСТАТИРАШЕ И ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА, НО ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ ПРЕКУ НОЌ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИ

    ИМА ПРОПУСТИ И ЗЛОУПОТРЕБИ СО СНИМАЊАТА КАКО ШТО КОНСТАТИРАШЕ И ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА, НО ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ ПРЕКУ НОЌ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО МЕЏИТИМеџити беше во посета на Општа болница Велес, каде што министерството набави два нови апарати, вредни 7,5 милиони денари. (Фото: СДК.МК)

    Пред две недели извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) тема „Користење на здравствените услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца“ бил презентиран пред Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити. Тоа го сторил Државниот ревизор со сите советници и соработници и министерството било запознаено со податоците, кои што укажуваат на сериозни злоупотреби.

    На 15 јануари министерот кажа дека има проблеми со термините за снимање, иако претходно ДЗР констатирал дека од вкупно 110.000 слободни термини, искористени биле 56 отсто, а годишно на еден апарат се снима 2.800 пати, што е под просекот во Европа, каде што се движи до три пати повеќе.

    „Потпишавме меморандум со ДЗР за да нема повеќе пропусти и злоупотреби. Констатираните проблеми нема да ги решиме преку ноќ, но работиме да ги решиме. Има пропусти, има злоупотреби, секој ден ја дисперзираме апаратурата низ цела држава. Имаме контролори, кој го разгледуваат ‘Мој термин’ детално ги гледаме сите недостатоци, ако има и дали има злоупотреба. И за некое време ќе излеземе во јавноста ако имало, кога и каде било сторено“, кажа министерот Меџити.

    Тој одговори и на новинарското прашање кога ќе биде распишан конкурсот за прием здравствен персонал кој со години е ангажиран со договор на дело.

    „Лично се ангажирав за 1.117 вработувања. Тоа го правиме во консултација со правните служби. Ги собираме сите согласности и во краток рок ќе ги распишеме и ќе ги запазиме роковите“, кажа министерот Меџити.

    Тој беше во посета на Општа болница Велес, каде што министерството набави два нови апарати, вредни 7,5 милиони денари. Станува збор за апарат за анестезија и нов респиратор за постоперативна вентилација.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира